
Употребата на симболот на сонцето е еден од начините да се зголеми јанг енергијата во домот. Тој исто така, според фенг шуи, го прави поактивен социјалниот живот, ги зголемува можностите за склопување пријателства и романтични врски.
Доколку се чувствувате осамено и ви е потребен посреќен социјален живот, потребно е зголемување на јанг енергијата. За оваа цел симболот на сонцето може да се вклучи во декорирањето на домот. Може да послужат и слики со предели кои се огреани со сонце или пак предмети со симболот сонце во нив.
Јанг енергијата ќе се зголеми со поставување на црвено светло или ламби во југозападниот дел од домот, но не во спалната соба, туку во дневната соба или трпезаријата. Исто така, жолтите и црвените абажури се одлични за да ја донесат во домот енергијата на сончевата светлина.