
Вазната е симбол на мирот и складноста. Со неа може да се поттикнат мноштво на симболички значења.
Според фенг шуи, таа претставува среќен предмет во кој се собира доброто Чи, манифестиран преку смиреност на духот и задоволството.
Вазната ја симболизира среќата во љубовта. Така, вазна во која има по едно гранче на бор и бамбус, ставена во средиштето на домот или во југозападниот дел, означува дека парот ќе има долг и мирен брачен живот, дополнето со среќата во однос на децата. Оваа вазна симболизира трајност на единството во семејството.
Цвеќето во вазната треба да биде свежо и здраво, а кога ќе почне да свенува треба да се замени.