
Кај старите Кинези образованието отсекогаш се ценело како чест на семејството, но и како бегство од сиромаштијата за потомците. И денес, родителите за своите деца посакуваат најдобро образование за да имаат подобри шанси за успех во животот.
Според фенг шуи, североисточниот сектор на домот е сектор на знаењето и образованието. Поврзан е со учењето, студирањето и дообразувањето, како и со животната мудрост и примена на знаењето.

Елементот кој се поврзува со овој сектор е земја. Ова значи дека во него се погодни сите земјени тонови, од окер жолта, преку теракота, до темно кафена, како и боите на огнот, од жолта до црвена. Притоа земјените бои треба да доминираат, а огнените за бидат застапени само како поддршка, во детали.

Има неколку симболи кои поволно делуваат во секторот на образованието. Тука спаѓаат природните кварцни кристали кои се извонредно силен земјен елемент.
Сликата или статуетката на крап, според фенг шуи, поволно влијае на енергијата во секторот на образованието. Таа е симбол на упорноста на крапот кој може да плива спротивно од струјата на Жолтата Река.
Дрвото од аметист го зголемува интелектуалното расудување и концентрацијата. Тоа исто така одлично делува на „отворање на умот” за нови идеи, притоа задржувајќи го здравото расудување.