
Делфините се исклучителни суштества кои носат асоцијација на живост и радост, а притоа науката докажала дека имаат извонредни способности за памтење, комуникација и одличен вид. Постојат многубројни информации за случаи во кои спасиле луѓе од давење.
И според фенг шуи, делфините се сметаат за среќни симболи кои носат среќа и позитивна чи енергија. Делфиновиот скок симболизира успех и промена, па ваквиот симбол може да се внесе во домот преку слика или фигура.
Делфините се риби кои имаат мазно тело што им овозможува да лизгаат низ водата, па затоа нивниот симбол носи добра чи енергија во домот.
Делфините како суштества не акумулираат никакви паразити на својата надворешност. Тие влијаат на отстранување на негативната енергија и внесување радост во просторот.
Симболот на делфин со своето малечко делфинче според фенг шуи е добра глетка за паровите кои очекуваат принова, а симбол на делфин кој си игра со топка е погоден за детската собата и развивање на спортскиот дух кај децата.