
Чи Лин е суштество во кинеската митологија со глава на змеј, тело на коњ и крлушки на крап.
Според фенг шуи, носи силна заштитничка енергија и благослов за здравје и просперитет. Тој е исклучително лојален на сопственикот и го штити домот од зли духови.
За да се исползува Чи Лин како заштита, може да се внесе во домот преку мала скулптура, таписерија или приврзок.
Може да биде поставен покрај главниот влез или во дневната соба, а не треба да се поставува во спалната соба, кујната или бањата.