Слонот, според фенг шуи, е симбол на среќа која е поврзана со напредокот на таткото во семејството, а исто така е извонреден симбол за среќата на децата во семејството.
Слонот е симбол на силата, мудроста, енергијата и здравиот разум, а во будизмот е едно од осумте свети животни.
Сурлата на слонот е силна и чувствителна. Со неа тој се храни, отпоздравува, но и се штити од непријатели. Во фенг шуи најчесто се применува слонот со подигната сурла, која симболизира изблик на среќа.
Сепак, се верува дека фигурата на слонот со спуштена сурла ги зголемува изгледите да се роди дете, па за таа цел се поставува во спалната покрај креветот.
Пар керамички фигури на слонови со издигнати сурли покрај влезната врата, по еден од секој страна, поставени надвор или внатре во домот, симболизираат доаѓање на среќата. Тие свртени кон надвор штитат од опасности, провалници и сл.