
Во фенг шуи рибата има чудесен симболизам, претставувајќи го изобилието, богатството, складноста и брачната среќа.
Доколку симболот е риби во пар, тој не означува само удвоена среќа, туку и задоволство од заедничкиот живот на сопружниците.
Симболот на двојна риба е еден од осумте среќни будистички предмети. Toj во будизмот се употребува како амајлија, па затоа во многу земји на Истокот го носат како превезок.
Поради сето ова, според фенг шуи двојната риба се смета за исклучително добар симбол, кој треба да го најде своето место во домот на младите брачни парови.