
Овој симбол многу често се користи во Кина при обредот на венчавање, а во фенг шуи може да се употреби на различни начини. Според фенг шуи, тој се користи за привлекување на љубовта кај самците, кои не сакаат тоа да бидат, како и за хармонизирање на брачните и семејните односи.
За самците кои сакаат да стапат во љубовна врска чиј исход ќе биде бракот, симболот двојна среќа треба да го постават во југозападното подрачје на домот или пак на таа ориентација во дневната или спалната соба.
Кај овој симбол не важи правилото на ограничување на бројноста, па така не треба да се грижите дека го има премногу. Сепак, треба да се внимава да не се седи или лежи на него, ниту пак да се чекори преку него.
Тој може да биде застапен како слика закачена на југозападниот ѕид, друг предмет со овој симбол, но и како дел од дрвеното заглавје на креветот или ѕидот позади вас кога спиете или седите. Исто така, може да го пресметате вашето љубовното подрачје според личниот Куа број и тука да го поставите симболот двојна среќа.