
Лавандата често се употребува во фенг шуи, како древен симбол на љубовта и чистотата.
Доколку ставите неколку врзопчиња лаванда во спалната соба или во бањата, таа ќе привлече свежа енергија на смирена љубов. Нејзиното присуство создава спиритуален простор, кој влијае на намалување на стресот од секојдневните активности.
За оваа цел може да ја користите на повеќе начини: поставена во вазна, исушена во вреќичка, преку ароматични стапчиња или свеќи, или пак може да биде внесена со распрскување на ароматично масло.