
Во домот, елементот земја е главен, поради спокојот и мирот кој го обезбедува со својата приземна енергија.
Предметите кои го претставуваат, носат чувството на сигурност и безбедност кај домашните.
Боите кои се употребуваат за да го поттикнат овој елемент се сите нијанси на жолта, преку портокалова, па сè до кафена. Тоа се т.н. земјани бои.
Материјали и предмети кои го претставуваат овој елемент се тула, камен, керамика, кристали, низок удобен мебел, големи меки перници ... Правоаголните и квадратните облици, како и правите линии го засилуваат неговото присуство во домот.

Бојадисување на ѕидот со една од земјените бои или закачување на слика со призор на земјен предел е еден од начините да се внесе земјата како елемент во просторот.
Најпрепорачливи подрачја за елементот земја се југозападното, североисточното и централното, а негово нагласено присуство не се препорачува во јужното и северното подрачје.