Фенг шуи: Ру Ји - симбол на моќ
Ру Ји е симбол чиј назив во буквален превод од кинески значи „како што ќе посакаш“. Стапот Ру Ји, според фенг шуи, е симбол кој има моќ да ги исполнува желбите на корисникот.
Се спомнува уште од 3-тиот век, кога бил изработен од жад или метал и кого научниците и филозофите го нарекувале симбол на духовно совршенство. Денес се изработува и надополнет со полускапоцени и скапоцени камења, како и со мотиви кои асоцираат на здравје, среќа и благосостојба.
Овој симбол, според фенг шуи, носи моќ и поголем авторитет на сопствениците, како и нивна успешна промоција.
Најдобро е да биде поставен во северниот дел (зоната на кариера) или северозападниот дел на домот (зоната на ментори).