
При новогодишното декорирањето на просторот, според фенг шуи, потребно е да се постигне висок ниво на чи енергијата и да се привлече среќа во просторот. Притоа, не треба да се претерува за да се одржи хармонија и баланс помеѓу јин и јанг енергијата.
Пред да се почне со декорирање, домот треба да се исчисти и среди.
Елката како главен симбол за новогодишните празници треба да го има најубавото место во дневната соба, претсобјето или трпезаријата. Може да се постави и во центарот на домот за целиот дом добие нова енергија, која ќе се распространи во сите останати 8 сектори на домот.
Елката не треба да биде блиску до влезната врата за да не „излезе“ среќата. Од влезната врата до елката не треба да има предмети кои ќе го попречуваат движењето до неа. Местото на поставување на елката нетреба да биде доминантно, но не треба да го попречува движењето на домашните.
Елката не треба да има напукнати и стари декорации. Според фенг шуи скршените декорации не треба да се лепат и да се користат повторно. Таа треба да биде умерено украсена со цела да се постигне баланс.
Црвената боја е задолжителна кога станува збор за украсување на елката според фенг шуи. Црвената боја може да биде застапена и со бои на црвеното вино или со виолетовата магента боја. Сепак, треба да се внимава бидејќи со премногу црвена боја може да се „прегори“ среќата. Добар начин да се постигне баланс е со внесување зелени гранчиња во украсите.
Сината боја ја претставува кариерата и парите, а носи и среќа. Таа може да биде засилена со златна боја, симболот на богатството и парите, за да ја засилите среќата во Новата година.
Според фенг шуи, добро е и да се постави ѕвонче на вратата кое ќе ја повика среќата, парите и благосостојбата.