
Според фенг шуи, црната и белата се секогаш поволен спој. Имено, црната е симбол на елементот вода, која во продуктивниот циклус го произведува елементот метал, за кого е карактеристична белата боја. Нивната комбинација е урамнотежена и хармонична. Црно и белата заедно може да се употребат онаму каде е потребна енергијата на водата.
Црната боја не е несреќна боја, туку напротив, може да биде многу поволна бидејќи носи извонредна длабочина на водената енергија. Водата пак е многу често употребуван елемент бидејќи симболизира пари и богатство. Сепак, со нејзината употреба не треба да се претерува.
За разлика од црната, со белата нема ограничување. Белата боја во себе ги содржи сите бои од виножитото, па поради тоа таа се смета за совршена боја бидејќи претставува рамнотежа на сите бои.