
Популарен симбол во традиционалната примена на фенг шуи е дрвото со кристали. Притоа, постојат повеќе видови на дрва, во зависност од кристалите кое ги има дрвото.
Така според фенг шуи, дрвото со цитрин го привлекува богатството, па истото треба да биде поставено во секторот на богатството, односно во југоисточното подрачје.
Дрвото со жад може да се користи за здравје во источниот дел. Розовиот кварц е поврзан со љубовта и романсата, така ваквото дрво треба да се стави во југоисточниот дел.
Дрвото симболизира стабилност и раст, како и долг живот, па така подобро е да се има поголемо дрво со кристали. Исто така, поповолно е кога кристалите се побројни и кога ги има со различни облици.