Ходниците имаат силно влијание на протокот на енергија низ домот. Долгите ходници треба да имаат повеќе украсни предмети, за да се спречи праволиниското движење на Чи енергијата, со цел таа да се забави и да се акумулира. Ова е особено важно кога на крајот на ходникот е врата која води во друга просторија.
Пожелно е во долгите ходници да се стави нешто што визуелно ќе ја пресече нивната должина, а истовремено и ќе изгледа убаво. За оваа намена може да се употреби саксија со цвеќе, слики или ниска комода.
Важен фактор за поволен фенг шуи во ходникот е и осветлувањето. Најголем проблем кај долгите и тесни ходници е лошото осветлувањето кое ја заробува јин енергијата или доведува до устојување на Чи.
При планирате осветлувањето на ходникот, треба да се има предвид дека не треба да има темни агли во кои енергијата би стагнирала и би станала безживотна. Тоа предизвикува лош фенг шуи кој може да се манифестира во безволност, замор и болест.
Секогаш кога е можно, во ходникот треба да се пушти природна светлина. Затоа прозорците во близина на ходникот не треба да се затвораат со ролетни или завеси. Таму каде што вештачкото осветлување го заменува природното, светлината треба да биде блага и индиректна.