Според фенг шуи, секој предмет во домот носи сопствена енергија. Еве неколку работи од кои треба да се ослободите, бидејќи имаат енергија која воопшто не е позитивна.
Суво цвеќе – создава лош фенг шуи бидејќи ја претставува неподвижната енергија. Наместо нив чувајте живи растенија кои ќе внесат енергија и ќе го подигнат расположението.
Свенати растенија – растенијата симболизираат раст само ако се здрави и растат. Затоа не ги чувајте свенатите и заменете ги со здрави.
Нефункционални уреди – уништените или расипани апарати или поправете ги, или ослободете се од нив. Подобро просторот да е празен отколку да биде исполнет со апарати кои не се функционални и кои, според фенг шуи, негативно влијаат на здравјето и на деловен план.
Стара храна – во фрижидерот веднаш ослободете се од старата или расипана храна која нема повеќе да ја јадење. Според фенг шуи храната е симбол на способноста да се прима и дава љубов.