Кога се зборува за облици на ентериерот кои се погодни според фенг шуи, се мисли на облиците на просториите во домот, како и на ѕидовите на секојa од нив.
Секогаш е подобро да се избере правилен, симетричен облик. Според фенг шуи, сè што е неправилно или асиметрично укажува на тоа дека нешто недостасува или е недовршено. Така, квадратот е секогаш подобар од правоаголникот, а кругот е подобар од елипсата.
Поради ова, вовлечените прозорци и застаклените тераси кои формираат вдлабување најчесто не поттикнуваат добар фенг шуи.
Според фенг шуи, ѕидовите треба да бидат бојадисани за да ја прикријат неправилноста на обликот.
Квадратниот облик има исклучително урамнотежена енергија и е поволен за семејна хармонија.