
Вазните, или садови, наполнети со вода и цвеќе ефикасно создаваат јанг енергија. Притоа треба да се изберат вазни и садови со поволна форма, со што ќе се поттикне дополнително засилување на Чи енергијата во домот.
Вазните се најповолни кога имаат врат и кога имаат целосно заоблена основа, бидејќи овој облик наговестува дека вазната може да ја задржи својата добра Чи енергија.
Празна вазна во домот не треба да стои исправено. Таа треба да биде некаде тргната или да се стави малку вода во неа. Кога вазната ќе се остави исправена и празна, тоа може да предизвика загуба на приходи.

Чиниите, исто така, треба да бидат заоблени и да имаат нагласен обод. За разлика од вазните, тие може да бидат оставени празни. Празната чинија е подготвена на ја прими добрата Чи енергија која влегува во домот.
Чиниите изработени од керамика, кристали или друг материјал, чија основа е земја, како што е кинескиот или некои друг порцелан, особено се поволни. Се верува дека во домот внесуваат добро, носејќи ја енергијата на елементот земја.