
За да се создаде поволен, здрав амбиент за живот во домот, фенг шуи ја користи и неоспорната моќ на растенијата. Притоа, растенијата се употребуваат за создавање на позитивна енергија, за влијание на нејзиниот добар проток и други аспекти од човековото живеење.
Според фенг шуи, антуриумот е растение кое ги отстранува темните мисли и ги насочува во правилен ток, што е особено важно во услови на динамичен живот. Ова цвеќе позитивно влијае на луѓето, го смирува духот и го враќа доброто расположение.
Во дамнешни времиња, фенг шуи учителите го користеле за контемплирање, чистење мисли и јакнење на интуицијата.
Антуриумот исто така делува и како добар прочистувач на воздухот.