Фенг шуи: Средениот дом создава чувство на полетност
Отстранувањето на предметите кои се вишок во домот, според Фенг шуи, претставува нов почеток и можност во животот да се внесат промени.

Според Фенг шуи, нередот психички исцрпува и ги држи луѓето заробени во минатото. Предметите расфрлани по подот, како и прашината и нечистотијата го спречуваат протокот на енергија во домот. Оние предметите кои немаат свое место го отежнуваат редовното чистење на домот. Неизмиените прозорци и запрашените ормари во ваква состојба влијаат на енергетските нивоа во целиот дом.
Од друга страна, исфрлањето на одвишните предмети и темелното чистење на домот симболизираат нов почеток, кој овозможува во животот да се внесат промени, да се запознаат нови луѓе и да се искористат можностите кога ќе се појават.
Уредниот дом создава и чувство на мир и спокој, а исто така и ја привлекува среќата и здравјето во животниот простор.
Ослободете го главниот влез
Главниот влез е место на влез на енергијата во вашиот дом. Затоа отстранете ги од тоа место сите непотребни предмети како што се стари саксии, канти за ѓубре и сл.
Растенијата го прочистуваат просторот
Собните растенија ќе го разубават вашиот животен простор, ќе го подобрат квалитетот на воздухот. Тие ги впиваат штетните материи и внесуваат исцелителна енергија.
Кујната значи здравје
Од фрижидерот и шпајзот отстранете ги сите работи чиј рок на траење веќе поминал или работи кои не планирате повеќе да ги употребувате.
Шпоретот и кујнските елементи секогаш треба да бидат чисти, а најдобро е да се чистат со природни средства за чистење.
Спалната соба треба да биде мирна
Ослободете се од работите кои се натрупани под креветот. Во спалната соба добро е да нема предмети кои визуелно стимулираат, како на пример телевизорот или справа за вежбање.