Прочистување и заздравување се поими кои според фенг шуи најчесто се поврзуваат со елементот вода. Овој елемент се користи за инспирација и релаксација, со цел појасно да гледаме на работите и истите да се одвиваат во саканата насока.
Најдобри подрачја за присуство на елементот вода се северните, источните и југоисточните, а негово силно присуство треба да се избегнува во јужните, западните, северозападните и североисточните. Кога е поставен во близина на елементот метал, елементот вода се засилува.
Поставување на аквариум или фонтана се најкарактеристичен начин како да се внесе елементот вода во домот. Водата како елемент е претставена и од уметнички дела со тематика вода, како и од предмети со рефлектирачка површина (на пример, огледало или стакло). Бои кои го претставуваат овој елемент се сината и црната боја.
Елементот вода го застапуваат неправилни, асиметрични, органски облици. Карактеристичен пример за воден елемент би била, да речеме, вазна со асиметричен облик и рефлектирачка површина.