
Концептот на јин и јанг во просторот е една од основните и најсуштински теории на фенг шуи, која се заснова на балансот и постојаноста на промената. Јин и јанг се спротивности кои се меѓусебно зависни и кои секогаш треба да бидат во рамнотежа.
Спротивностите се движат во природен циклус и постојано меѓусебно се променуваат. Исто како што се менуваат годишните времиња, и на тој начин се создаваат и горештини и студови, така и јин и јанг кружат низ активното и пасивното, светлото и темното... Тие се во меѓусебна зависност – таму каде што јанг ослабува, јин зајакнува.
Западната цивилизација е навикната да гледа на работите како на добри или лоши, црни или бели, правејќи на тој начин поделби, одвоеност и неповрзаност. Кинезите на спротивностите гледаат како на нешто што циркулира и се создава едно од друго. Не постои добро и лошо, туку рамнотежа, трансформација, интеракција и меѓусебна зависна спротивност. Јин и јанг се комплементарни и тие зависат еден од друг. После сонот доаѓа активност, после невреме доаѓа сонце.
Јин и јанг се само релативни особини бидејќи сè што постои содржи истовремено компоненти и на едното и на другото. Еве некои спротивности кои го опишуваат овој симбол:
Јанг
Јин
активно
пасивно
топло
студено
живот
смрт
лето
зима
брзо
бавно
рамно
заоблено
тврдо
меко
суво
мокро
вертикално
хоризонтално
живи и јарки бои
темни и пастелни бои
оган
вода
небо
земја
сонце
месечина
светлина
темнина
Во јанг се наоѓа мал дел на јин, и обратно. Исто како што во зимата семето што лежи во земја и чека да оживее, така и јанг чека во јин да дојде неговиот ред. Во врелото лето се случува ненадејно невреме кое донесува заладување – пример дека во јанг може да се најде мал дел од јин.
За да се одбере вистинска локација и правилно да се уреди просторот, треба добро да се познаваат принципите на јин и јанг. Вистинската рамнотежа на јин и јанг зависи од намената на просторијата. Генерално, во просториите во кои живееме треба повеќе да имаат јанг отколку јин карактеристики, но никако не треба јанг да биде предоминантен.