Пеперутката во фенг шуи е асоцијација на слободен живот и претставува симбол кој им помага на самците во сферата на љубовта и романсата. Слободниот лет на пеперутката фенг шуи ја споредува со чувствата кои се будат кога ќе се доживее љубовта.
Пеперутката како симбол се употребува во периодот пред да се оформи семејството, а кога ќе се најде вистинскиот партнер се заменува со други симболи наменети за среќа во брачниот живот.
Поради нејзината моќта на трансформација, пеперутката може да се користи и како приверемен лек за други области од животот каде е потребно да се направат определени промени. Според фенг шуи, таа помага промените и трансформациите да се пребродат со леснотија.
Симболот пеперутка може да се внесе во домот како фигура, уметничка слика, принт или други форми, поединечно или во рој.