
Црната е боја на ноќта, длабоките води и бескрајниот универзум. Има енергија на моќ и заштита, а на просторот му дава длабина и сила. Таа е полна со фенг шуи енергија на мистерија и софистицираност.
Може да ја внесете во секоја просторија преку деталите или обоен ѕид, но се препорачува да не биде доминантна во ентериерот. Може да ја користите како боја за мебелот, да ставите црно-бели фотографии или огледало со црна рамка.
Многу е поволна за во дневната соба, но бидејќи црната боја носи фенг шуи енергија на стабилност и приземност, користете ја до нивото на вашите очи.

Црната боја може слободно да ја користите во следните фенг шуи подрачја: северно (вода), источно (дрво) и југоисточно (дрво).
Избегнувајте да ја користите јужно (оган), а умерено користете ја во детските соби, на влезот, во кујната и трпезаријата.