10 совети за комбинирање на материјали во вашиот дом
Би сакале да ги искомбинирате материјалите во вашиот дом како што тоа би го направил искусен дизајнер. Еве ви неколку совети кои ќе допринесат вашата соба да изгледа скапоцено.
1. Определете се за една основна боја или материјал на ткаенина која ја сакате и декорирањето на просторијата нека биде засновано на тој материјал. Без разлика дали материјалот е со цветни елементи, штрафкаст, на коцки, изберете еден базичен материјал.
2. Потрудете се да не употребувате повеќе од 3 различни материјали во една просторија, освен во случај да се нежни или слични. Во секој друг случај, впечатокот може да биде еднаков на хаос наместо посакуваниот.
3. Употребувајте разновидни материјали. Пробајте да комбинирате различни видови материјали за да внесете живост во декорацијата.
4. Варирајте ја големината на материјалите. Ако имате голем еднобоен ѕид, пробајте со коцкасто парче од тепих или со помало цветно парче од завеса и со поголемо еднобојно парче завеса.
5. Немојте да ги трупате сите парчиња материјали во аголот на собата или на едно место. Раширете ги по целата просторија.
6. Споете ги или обединете ги материјалите со една боја. Доколку ја изберете црвената, таа нека биде и темелна боја за материјалот, на завесите и тепихот на пример.
7. Материјалите со мали пропорции употребувајте ги во помалите простории, а поголемите во поголемите простории.
8. Материјалите со средна големина се најблагодарни. Во помалите соби тие не се преголеми, додека во поголемите соби не се премали за да се загубат во погледот.
9. Големите материјали комбинирајте ги со внимание. Тие можат да го нарушат впечатокот во мала соба, а во големата пак да предизвикаат ефект на непостојаност. Тие ќе изгледаат смело на поголеми парчиња мебел, но не и на помали каде ќе изгледаат расцепкани.
10. Одберете материјали со пруги за да привидно ја зголемат висината или длабочината на парчињата мебел.