Можеби не сте во состојба за да си овозможите уредување на раскошен двор или можеби сте задоволни со тераса или парче поплочен простор. Сепак сите посакуваме поубав, малку поголем или помирен двор, катче и релаксација во природата, па зошто тогаш да немате природа во сопствениот дом или двор.
При планирањето на дворот треба да се одберат соодветни растенија, на кои ќе им одговара климата, опкружувањето и положбата на дворот. Украсно цвеќе и грмушки, ружи, ползавци, едногодишни и двогодишни растенија, луковици, кактуси, водни растенија - сите може да се комбинираат и користат во уредувањето на дворот, само треба да се земат предвид боите и облиците, времето на цветање и сето тоа да се усклади.
Каменитите и песочни површини на дворот ќе му дадат природен амбиент, а користејќи растенија камените површини ќе блеснат во полн сјај. Водените градини и обликувањето на водените површини бара малку повеќе креативност и воља, но благодарејќи на гумените и PVC материјалите, поставувањето на рибници и езерца може да се изведе за еден ден.
..претходна     следна..