Растението нарцис името го добило по старогрчкиот јунак Нарцис кој бил маѓепсан да се вљуби во сопствениот одраз во водата. Стоел покрај водата се додека не умрел, а на тоа место израснал цвет кој го добил неговото име.
Нарцисот е популарно пролетно растение кое е едноставно за одгледување. Луковиците треба да се посадат во земја кон крајот на август или на почетокот на септември на место со доволно сонце или во лесна полусенка. Садете ги на длабочина од околу 10-15 cm, зависно од големината на луковицата. Вообичаено е да се садат на длабочина два пати поголема од обемот на луковиците. Почвата нека биде богата со хумус, а ако употребувате ѓубриво нека биде зрело, т.е. одлежано и во мало количество.
По цветањето оставете ги цветовите природно да се исушат, не ги режете или свиткувајте за побрзо да овенат.
Сите видови на нарцис може без проблем да останат во земја и да презимат освен видот Tazzeta кој е повеќе наменет за одгледување во домот.