Ехмеата е епифит. Тоа значи дека расте на друго растение, најчесто во дупка на кора од дрво.
Има тврди сиво зелени листови, со испрекинати бели линии. Во
средината на розетата од листови расте цветниот клас со розови латици,
кој трае околу 6 месеци. На него се појавуваат ситни сини цветови кои
брзо венeат. Кога ќе почне да венеe цветниот клас, слободно одрежете го.
Ехмеата цвета само еднаш во текот на животот, и за жал, потоа угинува.
Покрај матичното избиваат млади растенија кои може да ги посадите во
друга саксија и да ги негувате за да процветаат. Ќе им биде потребно
повеќе од една година за да пуштат цвет.
Чувајте ја на светло и топло место. Може да поднесе сонце, но
не и јако, попладневно. Одржувајте ја земјата влажна, особено во
периодот пред да процвета, и повремено оросувајте ги листовите. Во
средина на розетата секогаш нека има малку вода (2-3 cm) која ќе ја
менувате на секои 3 седмици.
Не е потребно да ја прихранувате, ниту пак да ја пресадувате.