Во родот бегонија има околу 900 видови. Лисестите се одгледуваат во затворен
простор, а цветните бегонии на балкон, во градина и сл.
Лисестата бегонија има шарени срцевидни листови, кои се обоени со разни нијанси на
црвена, кафена, зелена или сива боја. Листовите се многу нежни и кршливи, па треба
да се внимава при залевањето или пресадувањето да не се оштетат.
Чувајте ја на светло место, но не на директно сонце. Идеално би било да е сместена на
северен или источен прозорец.
Треба да бидете внимателни со залевањето. Во лето два пати седмично, а во зима
само еднаш и внимавајте да не ги намокрите листовите бидејќи ќе добијат дамки.
Прихранувајте ја секои две седмици во текот на пролетта и летото со вода во која сте
додале течно ѓубриво.
Се размножува со резници во доцна пролет. Едноставно забодете здрав лист во
земја. Постои и друг начин, каде на одрежаниот лист треба да му ги исечете врвот и
нерамнините од страна. Потоа разрежете го на повеќе делови по ширина (4-5) така да
секој дел од листот има и дел од главната лисна жила. Забодете го секој дел во земја
со страната која била поблиску до стебленцето. Чувајте го на топло и одржувајте ја
влажноста, па ќе пораснат нови ливчиња.