
Анемоната води потекло од Италија и југот на Франција. Повеќето анемони цветаат со еднократни цветови, додека оние со повеќе редови на цветни ливчиња се потешки за одржување. Цветовите на анемоната се обично бели, розови, виолетови или сини. Цветната дршка на анемоната има должина од 15 до 25 cm и обрасната е со влакненца.Доколку земјата се одржува влажна, може да се одгледува и во саксија.
Додека трае цветањето на анемоната, односно во март и април, таа бара доста сонце, но во лето треба да се тргне од директното изложување на сонцето. Земјата богата со варовник и хумус добро и одговара, како и глинесто земјиште кое нема да ја задржува водата..
Анемоната не се разможува лесно бидејќи е потребно делење на бусенот. Ако условите и одговараат во градината, таа ќе почне и сама да се размножува, создавајќи убави теписи од цвеќе. После цветањето, со помош на ветерот се разнесува семето на анемоната, кое може да се собере и да се почува на постудено место додека на из`рти. Полесен начин на размножување е со делење на луковици чии ќерки се одделуваат од мајката во доцно лето.