Ова растение потекнува од Јужна Америка каде расте во сончеви, топли и влажни подрачја. Во градините е најчесто присутен хибридот Canna indica (индиска кана). Таа може да нарасне и до 1,5 метра.
Има глатки, декоративни листови кои може да бидат зелени или црвенкасти. Големите цветови изникнуваат асиметрично и наликуваат како гладиола, а може да бидат во бела, жолта, портокалова, розова и црвена боја.
Постојат и пониски видови кои се погодни за раст во саксии и жардиниери.
Каната задолжително треба да биде посадена на сончево место, во богато хумусна почва и потребно е редовно да се залева. Ризомите се ставаат во земја дури откога ќе поминат мразовите, значи на почетокот на мај.
За да растението протера порано може во март да се посади во саксија во домот, па подоцна да се пресади надвор.
Наесен кога ќе прецветаат, потребно е стеблото да се скрати на 15 cm над земјата, да се извади ризомот, да се остави да осуши и да се стави на суво, темно место заштитено од мраз.