Ова растение може да порасне до околу 50 cm, а има нежни стебленца кои се спуштаат од висечките саксии. Има мали кружни листови кои се малку назабени на краевите. Цветовите се големи едвај 1 cm, со 5 правилно распоредени латици, а може да бидат бели, сини или виолетови.
Треба да ја ставите на сончево место или во лесна полусенка. Во текот на летото полевајте ја редовно за земјата да биде постојано влажна, но не мокра. Вишокот вода одлевајте го од подлошката. На секои 2 седмици прихранувајте ја со течно ѓубриво за растенија кои цветаат.
Се размножува со семе или со резници. Резницата нека биде долга околу 5 cm, одрежете ја под коленцето и ставете ја во мешавина од песок и тресет.
Ставете ја на светло место, но не на директно сонце и редовно полевајте ја.
Кога ќе закорени, ќе почне да расте и ќе пушти 4-5 нови ливчиња, пинцирајте ги врвчињата за да почне да се шири на сите страни и да добие убав грмушкаст облик.