
Ова растение потекнува од пределот на Андите во Јужна Америка. Во минатото се
садело во градините, но со одгледувањето на разни хибриди сега најчесто се сади во
саксии или сандачиња.
Чевличката е едногодишно растение. Високо е околу 30cm и има многу интересни
цветови кои наликуваат на мали торбички, а може да бидат еднобојни или точкести.
Цвета во текот на март и април. Повеќе му годи одгледување надвор бидејќи сака
ниски температури (10-12°С), па ако го ставите на затворено каде е топло, брзо ќе
пропадне.
Чувајте го на светло место по можност без директно сонце, најдобро на
северната страна.

Има потреба од многу влага, па не дозволувајте земјата целосно да се осуши бидејќи
листовите прво ќе омлитават, па ќе пожолтат. Прихранувајте го на секои две седмици со
течно ѓубриво за растенија кои цветаат.