Ова лисесто растение најчесто се одгледува како едногодишно. Има нежни
шарени листови во комбинација на нијанси на црвена, бакарна, зелена, жолта и
портокалова боја.
Може да го чувате внатре, а на крајот на пролетта извадете го надвор. Треба
да биде на светло место, во спротивно шарените листови ќе ја изгубат бојата и
ќе станат бледи, но сепак заштитете го од силното попладневно сонце.
Бара влажна земја и многу брзо расте, па во топлите летни денови ќе треба
да го залевате секојдневно. На пролет и есен е доволно на секои три дена.
Земјата треба секогаш да биде влажна, но истурајте го вишокот вода од
подлошката петнаесетина минути по залевањето.
Прихранувајте го во периодот додека расте на секои две седмици со ѓубриво за
лисести растенија.
Цветовите кои се појавуваат на врвот на гранчињата треба да се одрежат, за
да продолжи растението да се развива и шири.
Лесно се закоренува од резници од врвот. Потребно е да ги забодете во земја,
или пак ставете ги во вода да пуштат коренчиња, по потоа насадете ги.
Не му одговараат ниски температури, па ако сакате да го одржите во живот до
следната пролет, внесете го внатре во есен, подрежете го, ставете го на светло
место и пазете колку го залевате. Најдобро е да ја пипнете земјата, па ако
повеќе не е влажна, залејте го.