Ова е растение ползавец кое многу брзо расте и има потреба од потпора, па затоа во
саксијата ставете стап обложен со мов на кој ќе го прицврстите и ќе му помогнете да
расте. Не се препорачува да се сади во висечки саксии бидејќи стеблото му е многу
нежно и кршливо.
Чувајте го на светло место без директно сонце и внимавајте да не е на провев.
Полевајте го 2-3 пати седмично, а во зима смалете на еднаш. Во текот на пролетта
и летото еднаш месечно во водата за полевање додадете течно ѓубриво за лисести
растенија.
Бидејќи брзо расте мора да го пресадувате секоја година или веднаш посадете го во
голема саксија, па секоја пролет менувајте го површинскиот слој земја за да добие
храна.
Се размножува во пролет со помош на резници долги барем 15 cm со два пара листови.
Едноставно забодете ги во земја. Многу лесно ќе се закоренат и ќе пуштат нови
ливчиња.