
Санвиталија е балконско цвеќе од фамилијата Asteraceae, потекнува од Мексико и Гватемала. За неа најкарактеристични се ситните жолти цветчиња. Погодна е за одгледување во саксија или жардиниера.
На санвиталијата ѝ годи вода, сонце и заштитено место од ударите на ветерот. Затоа нејзината земја треба да се одржува влажна постојано, а на секои десет до петнаесет дена треба да се прихранува со ѓубриво за цвеќе.
Доколку сакате да ја одгледувате од семе, најдобро време за тоа е средината на месец март, кога ќе се зголемат температурите, а притоа во `ртилиштето ќе има обезбедено 18 °C. Пресадувањето на санвиталијата во градината или балконот е најдобро да се изведе во периодот од почеток па сè до крајот на месец мај, кога е и најдостапна на пазарот.