Овој род опфаќа повеќе видови на полугрмушкасти и зелјести растенија кои потекнуваат од Јужна Америка. Имаат троделни или четвороделни листови во зелена, темно виолетова или комбинација од двете бои и цветови во бела, жолта и повеќе нијанси на розова боја. Повеќето видови цветаат цело лето, но се сретнуваат и такви кои цветаат во зима.
Насадете ги на сончево место во саксии или во градината. Во лето редовно полевајте ги бидејќи сакаат влага. Во есен постепено намалете го количеството вода, а во зима воопшто не ги полевајте. Тогаш ќе ги изгубат листовите, но во пролет ќе излезат нови и растението брзо ќе почне да се развива.
Додека е периодот на цветање редовно прихранувајте ги со ѓубриво за растенија кои цветаат.
Видовите кои имаат ризом се размножуваат со делење на кореновиот систем во септември. Новите растенија ќе закоренат за околу 4 недели. Оние кои немаат ризом се размножуваат со резници, по 3-5 заедно.