Ова едногодишно растение потекнува од Јужна Америка, a успева на сиромашна почва и сончево место.
Има речиси кружни листови и цветови како инка. Цвета од јуни, па се до првите мразеви, кои за жал ќе го уништат. Цветовите, зависно од видот, може да бидат белузлави, жолти, портокалови или црвени.
Постојат видови кои може да се садат како ползавци. Тие ползат по ограда или ѕид и растат до 2 m. Видовите полуползавци се садат во саксии или сандачиња и висат околу 30 cm, a може да ги посадите и во градината.
Се одгледува многу едноставно. Само не го полевајте многу и не ја прихранувајте земјата, бидејќи така ќе се развиваат повеќе листови отколку цветови.
Се размножува со семе и тоа најдобро некаде на средината на април до почетокот на мај. Посадете го директно на местото каде треба да расте бидејќи не сака пресадување. Често се случува и само да се осемени. Во тој период редовно полевајте го и одржувајте ја почвата влажна за да може семето да никне. Кога ќе зајакнат младите растенија може да ги проредите големите видови на околу 40, а малите на 15 cm.