Иберисот е трајно растение кое може да го посадиме и на место каде нема богата земја. Бара сончево место, брзо се шири, па така за кусо време може да добиеме декоративна прекривка на висина од дваесетина сантиметри. Може да се посади помеѓу камења.
Цветовите му се бели и густо се распоредени, а овенатите треба редовно да се откинуваат за да имаат новите место за развивање. Лесно се закоренува со млади, врвни непроцветани резници, најдобро на почетокот на летото.
Постои и едногодишен иберис (lat. Iberis umbellata). Неговите цветови може да бидат бели, розови и црвени. Исто така расте брзо и цути богато, па доколку не сакате исто цвеќе секоја година во вашата градина, може да се определите за едногодишниот.