Стар обичај е пред Велигден да се посее пченица во домашни услови. Постои верување дека густината и силата на младите стебленца кажуваат колку ќе биде богата и родна годината.
Пред да ја посеете пченицата неколку часа потопете ја во вода за да го олесните ‘ртењето. Потоа во садот каде ќе ја сеете ставете малку земја, набабрената пченица, па преку неа уште еден многу тенок слој земја. Попрскајте ја со малку вода и ставете ја на топло место. Додека не изрти (2-3 дена, ова зависи од топлината на просторијата каде се наоѓа) нема потреба од светлина, а потоа преместете ја на светло место, најдобро на внатрешната страна на прозорецот. Земјата одржувајте ја влажна (не мокра), и понатаму природата ќе си го направи своето. Би требало за 10-15 дена да биде убаво израсната.
Пред Велигден може да и ги ишишате врвовите за да биде уредна, ставете и панделка или некои велигденски украси.