
Ова отпорно едногодишно растение потекнува од Мексико. Во зависност од големината
на цветовите може да се подели на три различни групи.
Африканските џунџулиња се со најголеми цветни главички со многу латици кои
наликуваат на топчиња. Еднобојни се, во сите тонови на жолта и портокалова боја.
Постојат вариетети со различна висина од 25cm (Golden age), па до 90cm (Doubloon).
Француските имаат помали цветни главички, но ги има во повеќе бои. Од разни нијанси
на жолта, портокалова, црвенкаста и многу комбинации на портокалова и кафена.
Висината им е од 15-50cm.
Постои и трета група, каде спаѓаат оние со еднослојни, ситни цветови, а висината им е
15-30cm. Ги има во многу комбинации на бои како и француските.

Може да се садат во градината или во сандачиња и саксии. Цветаат од мај па до доцна
есен. Задолжително мора да бидат насадени на сонце, а успеваат и на сиромашна
земја. Се полеваат редовно до три пати седмично, но не многу обилно.
Се размножуваат со семе. Најдобро е семето да се насади во ‘ртилиште, па кога ќе
помине опасноста од мраз да се пресадат младите растенија на местото не кое сакате
да бидат.
Кога ќе прецветаат, задолжително искинете ги цветните главички за да се стимулира
понатамошно цветање и да се рашири што повеќе растението.