Хортикултура :

1. Создавање поволни услови за одгледување цвеќе

2. Градба на растенија

3. Најчести грешки при одгледување на цвеќе

4. Нега на болното саксиско цвеќе

5. Пресадување на саксиско цвеќе

6. Прихрана на растенијата

7. Сместување на цвеќето во домот



Цвеќиња:

Адам

Агератум

Аглаонема

Азалеа

Акалифа

Алое вера

Алокасија

Амарилис

Анемона

Антуриум

Аспарагус

Аспидистра

Афеландра

Африканска темјанушка

Ахименес

Бакопа

Барски лилјан

Божиќна ѕвезда

Бегонија лисеста

Бегонија цветлива

Бенџамин

Бела рада

Бергенија

Бисерен ѓердан

Божиќен кактус

Божур

Бразилски јасмин

Брахискома

Бромелија

Бугенвилија

Велигденска пченица

Влакнеста традескантиа

Воденка

Волчјак

Венерина муволовкса

Вербена

Винка

Гарденија

Глоксинија

Газанија

Гербер

Геснерија

Гипсофила

Гладиола

Гомфрена

Господова круна, Пасифлора

Грамофонче

Гузманија

Далија

Декоративен грашок

Декоративен кромид

Дијасција

Дифенбахија

Домашен папрат

Драгољуб

Драцена

Дрво на животот, Јука

Ерика

Ехмеа

Замија

Зумбул

Иберис

Индиски јоргован

Ирезина

Јаглика

Јакобинија

Јапонски јавор

Јоргован

Кала

Калатеа

Калахоа

Камелија

Кана

Каранфил

Кинеско цвеќе на парите

Клорофит

Колеус

Клематис

Кливиа

Кордилина

Космос

Кралски солзи

Красула

Кротон

Кукавичино грозје

Кукурек

Куќна среќа

Лаванда

Лале

Лантана

Лилијан, крин

Лисиантус

Лиснат кактус

Лобелија

Лозица

Лотос

Љубичица

Магнолија

Маранта

Момина солза

Морска сардела

Монстера

Меден цвет

Мединила

Менѓушка

Месечев камен

Мушмулица

Напрсток

Нарцис

Невен

Нова Гвинеја

Нолина

Олеандер

Орхидеја

Пампас трева

Пеперомија

Перниче

Петунија

Пилеа

Плумбаго

Плумерија

Пркос

Пругаста традескантиа

Рајска птица

Ранункул

Рододендрон

Рудбекија

Салвија

Санвиталија

Сансеверија

Сардела

Сингониум

Сламен цвет

Слоново уво

Скиндапсус

Собен бршлен

Собна аралија

Собна палма

Собна лоза

Соланум, зимска цреша

Сончоглед

Спатифил

Сребренка

Срценце

Стрептокарпус

Текома

Убава Ката

Украсна детелина

Украсни пиперчиња

Фикус

Флокс

Форзиција

Фрезија

Хибискус

Хoja

Хортензија

Хризантема

Христов трн

Царска круна

Целозија

Цинерарија

Циклама

Цинија

Цинерарија маритима

Циперус

Чавкина уста

Чевличка, торбичка

Чувар куќа

Џунџуле

Шaфран

Шефлера


Уредување на градини:

Автоматизирана мини градина

Цветна градина на мал балкон

Уредување на дворот и терасата во бохо стил

Галерија на патеки во градината

GreenFrame - рамка за растенија

Кровни градини

Ѕидни облоги од мов

Идеи за уредување на мала градина

Градина без комарци

Уредување на медитерански градини

Тревници

Растенија кои го прочистуваат воздухот

Полевање на растенијата за време на одмор

Ритче во градината

Минијатурни градини

Совети за потраен букет во вазната

Есенски совети за градината

Поплочување со камен во градината

Базен во градина

Како против штетниците во градината

Растенија за градини со чакал

Градини со чакал

Медитерански градини

Галерија на осветлени дворови

Амфора во градината

Раскошот на мозаикот

Фонтани во дворот

Како да се изложи цвеќето

Раскошот на мозаикот

Фонтани во дворот

Англиски градини

Француски градини

Типови на градини

Галерија на градини

Галерија на фонтани во двор

Залевање во градината

Пaтеки во градина

Избор на растенија за балкон

Уредување на балкон

Нега на цвеќе во вазна

Уништување на коровот во тревниците

Нега на растенијата во зима

Собни растенија за поздрав дом

Подгответе го тревникот за зимскиот сон

Креирање на терариум

Растенија во терариум

Цвеќе на балкон, тераса или прозорец

Зимска градина

Направете јапонска градина

Уредување на дворот - вовед

50 совети за уредување на вашата градина (1-10)

(11-20)

(21-30)

(31-40)

(41-50)


Креирање на терариум




Основата за садење на терариумот се состои од 4 слоја. Слоевите на земја најдобро е да се сипаат со инка (може и картонска) за да ѕидовите од садот не се извалкаат.

Долниот слој за дренажа се состои од грашковиден песок, камчиња, чакал или многу крупен песок. Директната дренажа е важна за да се обезбеди земјата да не стане презаситена, што може да доведе до уништување на коренот, односно растението. Во зависност од големината на садот, треба да се постави барем 2,5 cm дренажен материјал, подеднакво по целата должина на терариумот. За широките и длабоки садови оваа дебелина треба да изнесува 5-6 cm. Каменчињата за дренажа треба да бидат измиени со чиста, врела вода пред употребата.

На врвот на дренажниот слој, добро е да се постави тенок слој на јаглен заради филтрирање и одржување на чистота. Овој слој овозможува воздухот да се чисти од пареи кои настануваат кога органските материи почнуваат да се разградуваат и спречува директен контакт на коренот со водата која се собира на дното.

Третиот слој е тенок слој на тресетна мов кој е поставен меѓу првите два слоја. Негова цел е да се спречи продирање на земја во дренажниот слој (ја одделува земјата која се акумулира на дното во каменчињата).

Последниот слој е земја. На пазарот постојат и специјални миксови кои се наменети за терариуми, кои се состојат од земја во која е додаден песок. Во оваа земја не треба да се става ѓубриво за садење бидејќи таа е доволно хранлива. Премногу ѓубриво може да доведе до тоа да растенијата го надраснат своето опкружување. Доколку сакате да создадете “пустинска градина”, додајте дополнителен песок во мешавината и додатен слој на чакал во дренажниот слој. Слојот на земја нека биде 6-7 cm, во зависност од големината на садот или шишето.




Доколку долните слоеви од терариумот се поставени рамномерно, терариумот ќе изгледа поинтересно доколку направите контури на пејсажи со помош на земјата. Може да направите и тераси, долини и ритчиња. Ритчињата креирајте ги во позадината, а долините нека бидат во преден план. Додадете и декоративни елементи како што се обоени камчиња, дрвен детал, сув корен, мала статуетка и слично.

Кога сте го избрале садот за терариумот и сте ги набавиле растенијта, подготвени сте за работа

Вашиот мал пејсаж потребно е да се структурира и да се постави на тој начин што ќе остави најдобар визуелен ефект за набљудувачот. На пример, доколку терариумот би се гледал од сите страни, големото растение треба да биде сместено во средината, а помалите растенија околу него. Доколку вашиот терариум биде набљудуван само од една страна, највисокото растение треба да биде сместено во позадината од садот, а најниските растенија треба да бидат во прв план.
Пред садењето, во некој друг сад пробајте да го направите саканиот распоред.

На пример, најдете тегла која има пречник како и садот за терариум и аранжирајте ги елементите внатре. Кога ќе најдете аранжман кој ви се допаѓа, префрлете ги растенијата едно по едно и создадете сцена како што претходно сте искреирале. Саканиот распоред може да го нацртате и на хартија.


Алатки

Не треба да набавувате специјални алатки - инката за додавање земја може сами да ја направите од картон, а кујнската лажица може да ви послужи како лопата (во зависност од длабочината на садот, лажичката може да ја прицврстите на подолго стапче), виљушката ќе послужи како гребло, малите ножички ќе служат за режење, а подолгата пинцета за спуштање и садење на растенијата




Садење

Првиот чекор е чистење на садот со вода и детергент. Каменчињата, јагленот и земјата се ставаат во садот со помош на инка. Направете дупка во земјата која ќе биде подлабока, за да растенијата не се превртат по поставувањето. Потоа, внимателно извадете ги растенијата од нивите дотогашни живеалишта, внимавајќи да не се оштетат корените. Нека корените останат компактни. За разлика од вистинската градина не е потребно да се опуштат корењата, бидејќи не сакаме растенијата во терариумот да растат пребрзо.




Внимателно провлечете го растението низ грлото на садот и спуштете го во дупката. Внимавајте да не се оштетат листовите кога се провлекуваат низ тесниот отвор на грлото. Кога растението е во дупката, внимателно употребувајќи ја алатката, нагрнете ја земјата околу растението и натапкајте ја. За ова може да употребите и плутана тапа која е набодена на стапче.




Немојте да ги пренатрупувате растенијата или да ги поставувате веднаш до ѕидовите на садот. Оставете им доволно простор за да растат и се шират, без притоа да се заплеткуваат со останатите растенија.

После садењето земјата малку навлажнете ја.

На крајот, на терариумот треба да се стави поклопецот. Проверувајте често дали се појавува кондензација на ѕидовите на садот или на поклопецот. Ако е премногу мокро, оставете го поклопецот отворен на некое време се додека вишокот на влага на испари. Колку и да е избалансиран терариумот, секогаш би требало да има малку влажност на стаклото. Доколку не се појавува кондензација, додадете малку вода. Но само малку вода, бидејќи во терариумот нема место за одлевање на вишокот вода. Премногу вода доведува до опасност од појава на габи и мувла. Целосно затворените терариуми бараат малку вода или воопшто не бараат вода. Доколку не е целосно затворен, ќе треба да се додава вода еднаш неделно, или поретко (во зависност од тоа колку е отворен терариумот).


Водете грижа растенијата да не пресушат и овенат

Понекогаш ќе биде потребно да се отстрани или да се замени свенатото растение. Заболеното растение треба да биде отстрането веднаш. Исто така, доколку некое растение расте пребрзо и ја надрасне својата околина, треба да биде заменето.

Кога терариумот е готов, ставете го на прозорецот со ориентација која што ќе биде погодена за растението. На пример, доколку растенијата бараат повеќе светлина, ставете ја на запад или на југ, а ако им одговара слабо светло, ставете ја на прозорецот кој гледа на север или на исток. Садот на терариумот не го оставајте на сонце и не го поставувајте премногу блиску до извор на топлина.