Каранфилот е цвет кој е добро познат. Видовите кои се купуваат како режено цвеќе се
одгледуваат во стаклени градини, но има и видови кои се одгледуваат во градината,
во сандачиња или саксии. За ова растение знаеле и старите Грци и го нарекувале
божествен цвет. Името Dianthus потекнува од грчките зборови dios – бог и anthos –
цвет.
На ливадите растат самоници од Dianthus deltoides. Во градината го одгледуваме
кинескиот каранфил Dianthus chinensis кој е висок околу 40 cm и има еднослојни
мирисни цветови и може да биде во разни бои. Обично се сее во април директно на
местото каде сакате да расте. Турскиот каранфил Dianthus barbatus има густо наредени
цветни главички кои може да бидат еднобојни или шарени. Висок е до 60 cm и постои
едногодишен и двогодишен вид, па во зависност од видот треба да се прилагоди
сеењето. Најдобро успева на сончево место, во земја кое не е кисела и со добра
дренажа.
Меѓу најпопуларните трајни каранфили е Dianthus allwodi. Расте многу брзо и цвета
постојано од јуни до септември. Го има во голем спектар од бои, а може да се посади и
во сандачиња на сончево место. Се размножува со резници кои лесно се закоренуваат.
Каранфилите со големи цветови кои ги ставаме во вазна одгледани се од еден
американски градинар. Пред да ги ставите во вода отстранете ги листовите кои би
дошле во допир со водата и засечете го стеблото косо, 1 cm под зглобот.
За одгледување во градината може да го користите вариететот Everest кој има малку
поголеми цветови или Rosea со розови цветови.