
Билбергијата потекнува од тропските краеви на Америка и спаѓа во родот бромелии, епифити со многу слаб корен, дебели кожести листови наредени како инка. Во домот најчесто се одгледува Billbergia nutans – кралски солзи, која името го добила поради тоа што од нејзините цветови капнува нектар секогаш кога ќе ја допреме или преместиме.
Има долгнавести листови и елегантни ѕвонести цветови во комбинација од зелена и розова боја кои траат многу долго. Многу е отпорна и ќе и одговара речиси секое место во домот. Нема да и пречи ни ако повремено ја оставите без вода.
За да цвета ставете ја на светло место, на температура од 18-24°С во текот на целата година, иако ќе опстои и на пониски температури. Може да биде изложена на директно сонце и по неколку часа дневно. Ако не процвета ниту по неколку години, тоа е знак дека е „гладна“, па пресадете ја во нова земја. Најмногу и одговара лесна, пропусна земја и мали саксии.
Полевајте ја редовно со отстојана вода. Во лето пообилно полевајте ја и одржувајте влага во воздухот, а во зима нека биде тоа поретко. Се препорачува да ја оставите земјата делумно да се засуши измеѓу две полевања. Прихранувајте ја на секои 15 дена со течно ѓубриво наменето за бромелии.
Се размножува во лето, со делење и одвојување на изданка. Може да се размножува и од семе, но овој начин се практикува во стакленици.