Пилеата е мало растение кое расте до триесетина сантиметри во
висина. Има зелени листови кои се прошарани со сребрени делови. Не е
тешка за одгледување, но по две години станува безживотна, па ќе треба
да ја смените со нова.
Се размножува со резници од врвот кои лесно закоренуваат, па ќе
можете сами едноставно да ја обновите. За да има убав грмушкаст
облик еднаш месечно во пролет и лето скратете ги младите врвчиња кои
растат, а ако ја имате подолго од година, во рана пролет подрежете ја на
околу 15 cm.
Чувајте ја на светло место, без директни сончеви зраци. Не смее да биде
на провев, ниту во просторија каде се користи плин.
Сака влажна почва. Во лето залевајте ја два пати седмично, а во зима
само еднаш.
Во периодот на интензивен раст, прихранувајте ја на секои две седмици
со вода во која сте додале течно ѓубриво за лисести растенија.
Не е потребно да ја пресадувате, бидејќи има плиток корен.