
Ова растение со пепеласто-сиви назабени листови расте како грмушка со височина до 60-70 cm. Има жолти мали бушави цветчиња кои се групирани, а во градината изгледа убаво во комбинација со салвија и бегонија.
Сака сонце и нема потреба од многу влага, па затоа може да се насади и во камењар. Многу е отпорно и во подрачјата каде температурата во зима не се спушта под -5°С без проблем презимува.
Ако сакате да не расте во височина туку да се шири, тогаш задолжително кинете ги врвовите. Поради ова малку покасно ќе процвета, но и листовите се многу убави.
Се размножува со семе кое е најдобро да се насади во февруари во ‘ртилиште, па кога ќе зајакне младото растение пресадете го надвор во градината. Растението додека е младо и кога се уште се ниски температурите не го полевајте многу за да не изгние.