
Момината солза е издржливо повеќегодишно растение кое во мај нè воодушевува со
мирисот на своите бели цветчиња.
Во природата расте слободно на влажни и полусенковити предели и во светли
листопадни шуми.
Има широки листови во форма на копје кои растат во пар, а од
средината излегува стеблото накитено со мали бели цветови во облик на ѕвонче. Во
земјата се наоѓа ризом кој релативно брзо се шири па затоа се препорачува да се сади
како прекривка во деловите од градината кои се на сенка, а освен тоа поради густината
на коренчињата го оневозможува растот на коров.
За одгледување во градината може да го користите вариететот Everest кој има малку
поголеми цветови или Rosea со розови цветови.

Ризомот се сади на длабина од 2-3 cm во текот на есента, а ако сакате да ја
размножите во септември треба да одделите дел од ризомот кој има млад изданок од
кој растението ќе продолжи да се шири.
За жал ова растение и неговите црвени семки кои се развиваат на крајот на летото се
многу отровни, па затоа внимателно. По контактот со него задолжително измијте ги
рацете.