
Рудбекијата потекнува од Северна Америка, а погледот го привлекува со темното око кое се истакнува во средината и околу кое се наредени жолтите латици. Трајна е, многу е отпорна и успева на секаква почва. Почнува да цвета во јули и цвета до крајот на септември.
Расте како грмушка со многу изданки. Постојат видови кои растат до 60 cm и високи кои достигнуваат висина до 2 метри и најдобро е да се насадат на крајот на градината, во дел заштитен од ветер и задолжително да се потпрат. Најмногу им одговара сончево место или лесна полусенка и умерена влага.
Се размножува со семе или со делење на коренот во рана пролет. Таму каде е посадена и сама се размножува со изданки. Ако не сакате да создаде многу семе и да ја заземе цела градина тогаш отсечете ги прецветаните цветови. На есен кога целосно ќе прецвета цветните стебленца целосно исечете ги.
На пролет пред да почне бујниот раст ископајте ја земјата околу и ставете ѓубриво за да може во периодот на интензивен раст убаво да се развива и расте.
Цветните стебла се цврсти, па може да се користи и како режано цвеќе во вазна. Цветовите долго траат во вода, но треба да се наберат додека не се целосно отворени.