Плумерија е род на тропски растенија со разнобојни цветови со опоен мирис, уште наречени франгипани. Има осум основни видови и илјадници култивирани. Потекнува од Средна Америка од каде е проширена во сите тропски области во светот, а името го носи по францускиот ботаничар Шарл Пулмие.
Во зависност од видот и начинот на кроење може да се одгледува како мало дрво или украсна грмушка во градината, но и како бонсаи. Во континенталните области најчесто се одгледува во саксија за да може да презими на затворено. Може да порасне од 1 до 6 m, а во тропските краеви и до 15 m.
Повеќето видови се листопадни. Обликот на листовите различен, а стебленцата се меки и кршливи, а ако се оштетат од нив тече млачна течност која е отровна.
Цвета непрекинато околу три месеци, но има видови кои цветаат преку целата година. Цветовите се групирани во гроздови и може да бидат бели, жолти, розови или црвени, а нивниот опоен мирис се шири во предвечерјето. Големината на цветот е од 2 до 10 cm.
Најдобро е да ја поставите на сончево место и редовно полевајте ја. Во зима престанете со полевањето, се до појавата на првите листови. Идеална температура за мирување на растението во текот на зимата е 10°С.