Хортикултура :

1. Создавање поволни услови за одгледување цвеќе

2. Градба на растенија

3. Најчести грешки при одгледување на цвеќе

4. Нега на болното саксиско цвеќе

5. Пресадување на саксиско цвеќе

6. Прихрана на растенијата

7. Сместување на цвеќето во домот



Цвеќиња:

Адам

Агератум

Аглаонема

Азалеа

Акалифа

Алое вера

Алокасија

Амарилис

Анемона

Антуриум

Аспарагус

Аспидистра

Афеландра

Африканска темјанушка

Ахименес

Бакопа

Барски лилјан

Божиќна ѕвезда

Бегонија лисеста

Бегонија цветлива

Бенџамин

Бела рада

Бергенија

Бисерен ѓердан

Божиќен кактус

Божур

Бразилски јасмин

Брахискома

Бромелија

Бугенвилија

Велигденска пченица

Влакнеста традескантиа

Воденка

Волчјак

Венерина муволовкса

Вербена

Винка

Гарденија

Глоксинија

Газанија

Гербер

Геснерија

Гипсофила

Гладиола

Гомфрена

Господова круна, Пасифлора

Грамофонче

Гузманија

Далија

Декоративен грашок

Декоративен кромид

Дијасција

Дифенбахија

Домашен папрат

Драгољуб

Драцена

Дрво на животот, Јука

Ерика

Ехмеа

Замија

Зумбул

Иберис

Индиски јоргован

Ирезина

Јаглика

Јакобинија

Јапонски јавор

Јоргован

Кала

Калатеа

Калахоа

Камелија

Кана

Каранфил

Кинеско цвеќе на парите

Клорофит

Колеус

Клематис

Кливиа

Кордилина

Космос

Кралски солзи

Красула

Кротон

Кукавичино грозје

Кукурек

Куќна среќа

Лаванда

Лале

Лантана

Лилијан, крин

Лисиантус

Лиснат кактус

Лобелија

Лозица

Лотос

Љубичица

Магнолија

Маранта

Момина солза

Морска сардела

Монстера

Меден цвет

Мединила

Менѓушка

Месечев камен

Мушмулица

Напрсток

Нарцис

Невен

Нова Гвинеја

Нолина

Олеандер

Орхидеја

Пампас трева

Пеперомија

Перниче

Петунија

Пилеа

Плумбаго

Плумерија

Пркос

Пругаста традескантиа

Рајска птица

Ранункул

Рододендрон

Рудбекија

Салвија

Санвиталија

Сансеверија

Сардела

Сингониум

Сламен цвет

Слоново уво

Скиндапсус

Собен бршлен

Собна аралија

Собна палма

Собна лоза

Соланум, зимска цреша

Сончоглед

Спатифил

Сребренка

Срценце

Стрептокарпус

Текома

Убава Ката

Украсна детелина

Украсни пиперчиња

Фикус

Флокс

Форзиција

Фрезија

Хибискус

Хoja

Хортензија

Хризантема

Христов трн

Царска круна

Целозија

Цинерарија

Циклама

Цинија

Цинерарија маритима

Циперус

Чавкина уста

Чевличка, торбичка

Чувар куќа

Џунџуле

Шaфран

Шефлера


Уредување на градини:

Автоматизирана мини градина

Цветна градина на мал балкон

Уредување на дворот и терасата во бохо стил

Галерија на патеки во градината

GreenFrame - рамка за растенија

Кровни градини

Ѕидни облоги од мов

Идеи за уредување на мала градина

Градина без комарци

Уредување на медитерански градини

Тревници

Растенија кои го прочистуваат воздухот

Полевање на растенијата за време на одмор

Ритче во градината

Минијатурни градини

Совети за потраен букет во вазната

Есенски совети за градината

Поплочување со камен во градината

Базен во градина

Како против штетниците во градината

Растенија за градини со чакал

Градини со чакал

Медитерански градини

Галерија на осветлени дворови

Амфора во градината

Раскошот на мозаикот

Фонтани во дворот

Како да се изложи цвеќето

Раскошот на мозаикот

Фонтани во дворот

Англиски градини

Француски градини

Типови на градини

Галерија на градини

Галерија на фонтани во двор

Залевање во градината

Пaтеки во градина

Избор на растенија за балкон

Уредување на балкон

Нега на цвеќе во вазна

Уништување на коровот во тревниците

Нега на растенијата во зима

Собни растенија за поздрав дом

Подгответе го тревникот за зимскиот сон

Креирање на терариум

Растенија во терариум

Цвеќе на балкон, тераса или прозорец

Зимска градина

Направете јапонска градина

Уредување на дворот - вовед

50 совети за уредување на вашата градина (1-10)

(11-20)

(21-30)

(31-40)

(41-50)


Тревници (lat. Poaceae)


Тревниците имаат главно декоративна улога, ги ублажуваат звуците и топлината, а густиот тревнат тепих е и омилен место за игра на најмалите. Постојат повеќе од 10 000 видови трева, а ова се основните правила на кои треба да внимавате при нивно посадување.

Планирајте го просторот кој сакате да го посеете со трева. Ритчињата и вдлабнатините ја отежнуваат припремата на тлото за сеење како и одржувањето на тревникот. Купете семе кое одговара на изложеноста на местото на сонце или сенка. Проверете го датумот на пакување на декларацијата и процентот на ‘ртење. Не штедете го семето бидејќи покасно ќе потрошите повеќе време на дополнително досејување.

Пратете ја временската прогноза пред да почнете со сеењето и потрудете се да го посеете пред почетокот на дождовен период. Така ќе осигурите сигурна влага додека ‘рти. Ако го садите тревникот под дрво сметајте на тоа дека ќе треба да водите сметка за паднатите листови бидејќи и сметаат на тревата. Купете косилка за трева која е лесна за ракување и ќе одговара на големината на вашиот тревник. Имајте ја предвид и достапноста на приклучок за струја.

Припрема на тлото

Тревникот може да го посеете во рана пролет или во есен. Доколку сеете во пролет сметајте на тоа дека се потребни два месеци за тревата да порасне доволно висока за косење. Прекопајте ја почвата на длабочина од најмалку 30 cm. Додадете песок ако е глинена и вештачко ѓубриво наменето за тревници кое на крајот мора да биде прекриено со земја. Користете ѓубрива кои споро ги пуштаат хранливите состојки во земјата.

Земјата иситнете ја и потоа набијте ја со валјак. Ако немате валјак користете даска која ќе ја поместувате за онолку колку е широка откако неколку пати по неа сте оделе или скокнале. Кога ќе ја помрднувате даската забележете дали има длабнатини на натапканата земја. Доколку имате време добро е вака спремената земја да ја оставите да отстои 14 дена за да почне да расте коровот кој не сте извадиле целосно и да проверите дали има места на кои се собира вода. Површината мора да биде рамна и не смее да се собира вода туку таа треба да впива рамномерно.

Семето измешајте го со песок за да може рамномерно да распростре по целата површина. Преку слојот со семе се препорачува тенок слој на супстрат за тревници. Добро е во првите 14 дена над сееното да ставите страшила за птици. Едноставен начин за бркање на птиците е да оптегнете конец преку насеаната површина на кој ќе прицврстите пластични шушкави кеси.

Ако е времето суво редовно полевајте го бидејќи и семето и младата трева имаат потреба од доста влага. Ако на некое место не никнала трева, досејте го тој дел со истото семе без разлика на староста на останатата трева.

Одржување на тревникот

Тревникот се коси прв пат како и секој следен пат, кога тревата ќе достигне височина од 8-10 cm. Колку почесто ја косите таа ќе расте се погусто, па пробајте да ја косите за најмногу 4 cm. Редовно плевете го коровот, а не ја косете тревата на помалку од 3,5-4 cm висина. Во пролет проветрувајте ја почвата (аерација) со тоа што ќе ја забодете вилата во земја до длабината на шилците. На тој начин водата и ѓубривото полесно ќе продираат во почвата. Не оставајте ја искосената трева во големи количини на тревникот бидејќи исушената трева ја гуши здравата. Ако редовно ја косите ќе може да ја оставите искосената трева која ќе послужи како природно ѓубриво.

Прихранување на тревникот

Тревникот се прихранува во пролет доколку не сте го направиле тоа на крајот на есента и тоа со мешавина на база на азот, фосфор и калиум. Азотот го подобрува растот на тревата, фосфорот на коренот, а калиумот ја прави поотпорна на газење и недостаток на влага. Во текот на летото тревникот се прихранува со ѓубриво на база на азот. Прихранувањето се врши кога е тревата сува, а со ѓубривото треба внимателно да се ракува бидејќи преголеми количини може да ја пожолтат или целосно да исушат делови од тревникот.